Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
Деведесет и пет студенти на додипломски студии по математика, хемија или физика ќе добиваат по 18.000 денари месечно во деветте месеци од академската 2016/2017 година. Тие ги исполниле условите на првиот конкурс за овој вид стипендии, кој Министерството за образование и наука го распиша лани за да го стимулира студирањето во овие три области за кои кадарот е дефицитарен и за него има потреба на пазарот на трудот.
Од 95-те доделени стипендии, 38 се за студенти запишани на студиски програми по математика, 29 по хемија и 28 за тие што студираат физика. Вкупниот износ кој ќе им биде исплатен на корисниците на овој вид стипендија е речиси 15,4 милиони денари.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски е задоволен од големиот интерес на студенти кои се пријавиле за стипендиите. Според конкурсот беа предвидени вкупно 105 стипендии за студенти од државните и од приватните универзитети, од кои 70 за припадници на македонската заедница и 35 за немнозинските заедници во Македонија, а потребниот минимален просечен успех во претходните студиски години на кандидатот треба да е 7 на соодветната високообразовна установа.
Ристовски на прес-конференција истакна дека овој тип финансиска поддршка е инициран од реалната потреба за овој исклучително дифицитарен кадар на пазарот на трудот во Македонија и дека целта е да се поддржат студентите кои веќе студираат на овие три катедри, но и да се стимулираат идните генерации при изборот на понатамошното образование.
- Драго ми е што најголем број се од математика и добар дел од физика, затоа што во последната година имавме осум студенти запишани на физика. Верувам дека на овој начин ќе го зголемиме бројот, зашто веќе станува ризично да се доведеме во ситуација да престане продуцирањето кадар за физика и за некоја година веќе да немаме наставници по предметот физика, рече Ристовски, додавајќи дека и во наредните години МОН ќе продолжи да објавува годишни конкурси за оваа нова категорија стипендии.
Посочи и дека за разлика од 2005 година, кога на студентите им биле достапни само неколку видови стипендии со вкупен буџет од 235 милиони денари, МОН денес им нуди повеќе од 40 различни видови стипендии и дека буџетот за нив е зголемен трикратно.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг