„Добрата сопруга“ најави напуштање на истоимената серија
Гласините дека серијата „Добрата сопруга“ е при крај, секојдевно добиваат нови потврди.
Минатата недела беше објавено дека серијата ја напуштаат нејзините творците Роберт и Мишел Кинг, а сега и главната актерка во „Добрата сопруга“, Џулијана Маргулис најави дека наскоро „ќе бара нова работа“.
На доделувањето на наградата „Артоа Авордс“, Џулијана одржа говор во чест на Кингови и се пошегува во врска со напуштањето на серијата.
- Кингови мислат дека сум тука поради нив. Но, без работа ќе бидам од почетокот на април. па мислев дека вие (продуцентите) долго време не сте ме виделе во живо и решив да дојдам, рече убавата актерка.
Во момнетов се прикажува седмата сезона од оваа успешна серија, но американските медиуми тврдат дека заминувањето на Кингови и Маргулис нема да значи и крај на „Добрата сопруга“
Серија досега успеа да „преживее“ две ненадејни заминувања на едни од главните ликови и тоа благодарение на успешна компликација и воведување на нови ликови, па според најавите ни сега не се планира нејзино прекинување.
Како што објави TV.com, Си-Би-Ес е заинтересиран за уште една, осма сезона од серијата, иако засега не е познато како „Добрата сопруга“ ќе продолжи беа самата „добра сопруга“.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло