Живот
7. February 2018 - 20:47

Добила 560 милиони долари на лото, а поради овој услов денес минува низ пекол

Три пати ги проверила добитните броеви. Госпоѓа од Њу Хемшир знаела дека нејзиниот живот ќе се промени на подобро. Освен во една работа, пишува Вашингтон Пост.

Госпоѓата која во јануари на извлекување на американската лотарија Пауербол освоила 560 милиони долари наскоро би требало да стане сопственичка на банкарска сметка на која ќе се најде износ со девет цифри, но правилата налагаат да цел свет, вклучувајќи ги и нејзините соседи, стари пријатели, роднини, но и криминалци, дознаат која е таа.

Се уште анонимната жена сега од судот бара парите да и се исплатат, но нејзиното име да остане во тајност.

Според правилата на лотаријата, името на добитникот мора да биде јавно објавено, како и местото од кое доаѓа и износот кој го освоил.

Таа откако стана добитничка, постојано живее во страв од крадци и криминалци.