Македонија
8. October 2022 - 13:21

До понеделник стабилно, од вторник врнежливо време

УХМР информира дека времето до понеделник ќе биде стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури.    

Утре понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат.