-->
-->
До крајот на годината Германија очекува еден милион бегалци
-->
Бројот на бегалци кои до крајот на оваа година ќе ги прими Германија на своја територија е повисок за 200 илјади од првичните анализи и ќе ја достигне цифрата од еден милион луѓе, најави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.
Заменикот на канцеларката Ангела Меркел и лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), во писмо до своите сопартијци вели дека првичните анализи се покажале неточни.
- Нема да примиме 800 илјади мигранти, како што беше најавено од страна на Министерството за внатрешни работи, туку еден милион, им напиша Габриел на членовите на СПД, која е главен партнер во владата на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел.
Германија веќе најави дека до крајот на 2015 година ќе потроши околу шест милијарди евра од државниот буџет за прифат на бегалците, но со новите анализи на Габриел оваа бројка би можела да се зголеми за најмалку една милијарда евра.
Секој мигрант со статус бегалец или барател на азил во Германија покрај сместување добива и по 135 евра месечно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови