До 30 март средба меѓу ЗЕЛС и премиерот Ковачевски, најави Арсовска
Претставници на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) до 30 март годинава треба да се сретнат со премиерот Димитар Ковачевски со цел разрешување на предизвиците на општините.
Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалничката на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Данела Арсовска денеска соопшти дека добиле информација дека задолжен за состаноците со ЗЕЛС со цел разрешување на предизвиците на општините е вицпремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Нагласи дека тој состанок требаше да се одржи од 21 до 23 март годинава, согласно писмото што го добиле од нив.
-Вчера ни испратија ново писмо во кое ни кажаа дека сега премиерот би сакал да раководи со тој состанок и дека ќе биде околу 30 март годинава, изјави Арсовска.
ЗЕЛС бара од Владата поддршка за полесно надминување на проблемите што ги имаат општините предизвикани од економската и енергетска криза.
Ново на Сител
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?