До 17 часот во Дебар одѕивот 43, во Центар Жупа 27 отсто
Во општина Дебар до 17 часот своето граѓанскло право го оствариле 7.648 од вкупно 17.461 граѓани.
-Одѕивот на гласачите до 17 часот изнесува 43 проценти. Поголем одѕив на гласачи е заблежан во попладневните часови. Во најдобар ред, во согласност со изборниот законик, продолжува гласањето во сите 27 избирачки места, изјави Али Реџа секретар на Општинската изборна комисија за општина Дебар.
Оваа општина опфаќа две изборни единици, ИЕ5, со 15 избирачки места и 8.756 и 12 во ИЕ6 со 8.705 гласачи.
Одѕивот на гласачите во општина ЦентарЖупа до 17 часот е 27 отсто.
-Од 6.352 граѓани со право на глас, до 17 часот своето граѓанско право го оствариле 1.732 гласачи. Се гласа на 16 избирачки места и гласањето се одвива без проблеми, изјави Ерхан Зубер, претседател на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа.
Избирачките места во текот на денов беа посетни од странски набљудувачи, а процесот го следат и набљудувачи на невладината „Мост“.
Изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата