Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска
Овен
Доколку не сте во врска, денеска ќе биде поволен ден за подобрување на вашиот љубовен живот. Прифатете ја понудата за кафе од онаа личност која веќе неколку пати ве покани, и ќе се изненадите од интересниот помин.
Бик
Денеска доброто расположение и позитивноста ќе биде она што ќе ви го одбележи денот, дури ќе пробате да ги развеселите и луѓето околу вас. Ве очекува повик од некоја личност на која ќе мислите во текот на целиот ден.
Близнаци
Денеска ќе се чувствувате многу нежно и ќе бидете романтично настроени. Очекувајте изненадување од партнерот кое дополнително ќе ја зголеми вашата среќа. Вечерта искористете ја за забава со пријателите.
Рак
По сѐ изгледа вашиот љубовен живот полека се враќа во нормала. Конечно повторно ќе може да се забележи насмевака на вашето лице, а за тоа ќе биде заслужна некоја личност кој подолго време ви се допаѓа.
Лав
Не бидете тврдоглави и попуштет во караницата со партнерот. Moрате да бидете свесни дека вашата тврдоглавост може да ве доведе до раскинување на врската. Прифатете го поразот и соочете се со реалноста.
Девица
Немојте да им се спротивставувате на пријателите, нивните коментари се најдобронамерни. За подобро расположение релаксирајте се и посветете си време на самите себе.
Вага
Вашата креативност и снаодливост денеска ќе ви донесе позитивно расположение. Вашето здравје е на задоволително ниво, но, внимавајте на болките во мускулите.
Шкорпија
Очекувајте додатен поттик на вашата физичка енергија денес. Овој ден е створен за да го средите вашиот дом и да го исчистите плакарот од старите работи. Исто така, добро ќе ви дојде малку возење велосипед.
Стрелец
Денешниот ден искористете го да помогнете на некој кој има проблем. Не заборавајте дека среќата се множи само кога се дели, па така со споделувањето на вашата хуманост ќе бидете среќни.
Јарец
Обидете се да не ги запоставувате обврските кои треба да ги завршите, туку посветете ѝ се на работата, бидејќи трудот ќе ви се исплати. Ве очекува изненадување од некоја личност од спротивниот пол.
Водолија
Во денот кој ви претстои ве очекуваат многу обврски на работа, па затоа бидете подготвени. По работното време, земете пауза од обврските и отидете на шопинг кој ќе го подобри вашето расположение.
Риби
Ве очекува ден исполнет со позитивна енергија која ќе ви ја испрати планетата Венера. Работите на љубовно поле не се баш најсјајни, но доколку се потрудите можете да ги поправите.
Ново на Сител
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје
-
Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава
-
Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“
-
Шеф на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските нуклеарни закани
-
Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби
-
Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни