ДКЦ „Карпош“ постави улични библиотеки низ Скопје
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска поставија улични библиотеки на три локации и тоа во дворот на ДКЦ „Капрош“, во Градскиот парк и во Ибни Пајко парк.
Како што информираат од ДКЦ „Карпош“, целта на библиотеките е да се направат книгите достапни за сите.
-Луѓето можат едноставно да земат книга и кога ќе ја прочитаат можат да ја вратат или пак да ја подарат на пријателите. Доколку имате книги што мислите дека другите би уживале во нивната содржина, можете да ги оставите во било која улична библиотека на посочените локации, се вели во соопштението на ДКЦ „Карпош“.
Посочуваат дека книгите се бесплатни и можат да бидат вратени или разменети за друга книга. Урбаниот дизајн, како што велат, ќе го привлече вниманието на секој читател.
-Уличните библиотеки се прозорец во умот на општеството, бидејќи книгите се оставаат и земаат никој не треба да ги проверува дали се тука или не. Да ја разбудиме свеста за книгата како најдобар другар која не води низ животот, порачуваат од Детскиот културен центар „Карпош“.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри