Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
За вчерашната физичка пресметка меѓу двајцата лекари во Клиничката болница - Штип во операциона сала, за што веќе информираа од СВР –Штип, во писмено соопштение за настанот од болницата информираат дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени.
-Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Во него се наведува дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството