Дипломскиот труд на мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието е плагијат
Панамериканскиот универзитет, кој во 1991 година на сегашниот мексикански претседател Енрике Пења Нието му ја издал дипломата за завршен правен факултет, признава дека шефот на државата во својот дипломски труд копирал текстови и идеи, без да ги цитира нивните автори, јавуваат американските медиуми.
Универзитетот ја информира јавноста дека погрешното повикување на текстовите од Пења Нието не е во спротивност со неговите тогашни актуелни одредби за работа.
Во соопштението на оваа високошколска установа не се употребува зборот плагијат, но се признава дека „дипломската работа вклучувала користење на делови од текстови на други автори без тие да бидат цитирани со белешка во фуснота или во списокот со користена литература“.
Универзитетот дополнува дека претседателот, сепак, цитирал други материјали, иако понекогаш и нејасно.
Универзитетот напоменува дека сега има построги правила, но забележува дека „тие не се применуваат кон поранешни студенти, а ова е стар случај за кој не можат да бидат преземени мерки“.
Минатата недела сајтот „Аристеги нотисиас“ (Aristegui Noticias) соопшти дека 29 проценти од дипломската работа на Пења Нието, вклучувајќи и 20 параграфи од книгата на поранешниот претседател Мигел дела Мадрид, биле плагијат од други трудови, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас