-->
-->
Димовски: Во Кочани ќе се градат капитални објекти
-->
Носителот на листа во Изборната единица 3 од коалицијата За подобра Македонија Илија Димовски синоќа на прес-конференција во Кочани ги посочи проектите кои се градат во Источниот дел од државата од кои бенефит ке имаат и граѓаните на Кочани.
- Во овој град е изградена атмосферската канализација во должина од 5,5 километри, изграден е на колекторскиот систем, а ќе се гради пречистителна станица. Ја изградивме спортската сала во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, клонот на детска градинка во Оризари, систем за улично осветлување, рестартиран е и кочански Руен, истакна Димовски.
Од проектите кои се од собено значење за жителите на Кочани и регионот, а кои ќе се градат во наредните четири години, Димовски ги најави изградбата на експресниот пат Штип - Кочани, како и рехабилитацијата на патните правци Винички Превалец-Македонска Каменица-Делчево, Македонска Каменица-Крива Паланка, Виница- Бигла-Делчево, како и реконструкцијата на патниот правец кон Берово со целосна замена на асвалтот.
Изградбата на хидросистемот Оризарска река со акумулацијата Речани кој чини 27,3 милиони евра, исатакна Димовски, е од особено значење за овој дел на истоична Македонија. Ќе обезбеди водоснабдување на над 100 илјди жители од Кочани, Виница, Зрновци и Чешиновои Облешево, а ќе овозможи и наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.
Димовски ја најави и изградбата на гасовниот систем од Штип кон Кочани, Виница и Разловци-Беровско, а најави и доаѓање на уште енколку старнски инвестиции во Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка