Димковски: Нема појава на африканска свинска чума, останува мерката за отстрел на диви свињи
Во нашата држава не е регистрирана појава на болеста африканска чума кај дивите свињи, но мерката за отстрел останува во важност како превентива, истакна министерот за земјоделство, Трајан Димковски при денешната посета на сточарска фарма во селото Соколарци, Кочанско.
– Имавме состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и со Ловечката федерација на кој се разгледуваа резултатите од она што беше воведено како мерка, за тоа до каде сме сега и како да продолжиме. Сè уште е на сила одлуката за отстрел на дивите свињи, односно нема ограничување. Според информациите од Агенцијата за храна, досега кај нив се пријавени 1.000 отстрелани свињи, кај сите примероци е направена анализа и сите се негативни, што значи дека нема појава на африканска свинска чума. Следиме што се случува во Бугарија, затоа нашите мерки се превентивни и го започнавме отстрелот многу порано. Сега очекуваме одговор од Ловечката федерација за да одлучиме дали и кога би престанала мерката и со какви последици би се соочиле. Во меѓувреме, продолжува и поддршката од Програмата за директни плаќања, по три илјади денари за предадени домашни свињи, а преку Агенцијата за храна и ветеринарство е предвидена и одредена поддршка за воведување биосигурносни мерки на самите фарми, затоа што заштитата е многу важна и ќе се обидеме да спречиме болеста, да не дојде кај нас, истакна министерот Димковски.
Минситерот Димковски додаде дека се разгледуваат ефектите и можностите за воведување на мерка за контрола или забрана на трговијата и транспортот на свињи во државата. Освен тоа, останува апелот до царинските служебници за поголема контрола на личниот багаж на патниците, за да се спречат можните причини за пренос на болеста кај нас.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар