Димитров: Одлуката за отворање на границите зависи од тоа што ќе се случува со епидемијата
Одлуката за отворање на границите зависи пред се од два фактори – прво што се случува дома, завчера имавме нови 33 заразени, вчера имаше пад. Значи многу ќе зависи што ќе се случува дома и тоа ќе влијае врз нашата одлука за отворање на границите. Второ во моментот кога ќе се отворат границите влегуваме во фаза во која сите мерки досега се затвораат, влегуваме во нова фаза, бидејќи имаме константен прилив, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Тој на настанот пред платото на Градската општа болница „8 Септември“ по повод Денот на Европа, информира дека пред два дена имал телефонски разговор со грчкиот МНР Дендиас главно фокусиран на планови, предвидувања, регионална соработка околу отворање на границите и олеснување на мерките и додаде дека планира идната седмица да направи серија телефонски разговори и со другите колеги од регионот.
– Може и сите заедно да се собереме на една конференција, бидејќи тој чекор – отворање на границите мора да биде координиран за да има смсила. Моето чувство е дека сите планираат, но имаат извесна колебливост околу точниот период, кога е точниот датум, рече Димитров.
Одговарајќи на прашање за задолжителни тестови при влез во државата, Димитров посочи дека за тоа ќе треба да се разговара и оти мора да имаме единствен систем на комуникација и движење.
– Ако една земја бара тестови, а друга земја не, ланецот се прекинува, така што апсолутно мора да се координираме и да разговараме меѓу другото и за тоа, додаде Димитров.
Премиерот Оливер Спасовски во изјава за медиумите пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во врска со отворањето на границите рече дека имаат план во однос на сите активности што се случуваат и што треба да се преземат како мерки во наредниот период.
– Тоа нема да зависи само од нашата земја, тоа ќе зависи од сите држави во регионот. Се уште сметам дека треба да останеме тука и да не дозволуваме влез во Република Македонија се додека не се покаже и низ бројки и во државите во регионот и внатре кај нас дека навистина имаме намалување на епидемијата во рамки што можат да дозволат отворање и слободно движење на граѓаните. Наша желба е тоа да се слчи што е можно поскоро, меѓутоа сепак зависи од сите нас. Колку сите заедно ќе се однесуваме сериозно и одоговорно кон оваа криза, толку побрзо ќе завршат и сите овие мерки и ќе се вратиме во нормалност која што не очекува, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион