Димитров и Бектеши на министерска конференција за Западен Балкан во Стокхолм
Министрите за надворешни работи и за економија Никола Димитров и Крешник Бектеши денеска ќе престојуваат во Стокхолм, Шведска каде ќе учествуваат на министерската конференција за Западен Балкан.
Министерот Димитров за време на престојот во Стокхолм ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.
Воедно, Димитров ќе учествува на министерската конференција за Западен Балкан, каде ќе се обрати на панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива.
Министерската конференција на високо ниво во Стокхолм е во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија.
На министерската конференција, од страна на министерот за економија Крешник Бектеши ќе бидат претставени стратешките проекти и можности за инвестирање во Република Северна Македонија пред шведската бизнис заедница, со посебен фокус на ЕУ интеграцијата.
Ново на Сител
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук