Димитриев: Изборите на 5 јуни се неопходни
Одржување избори на 5 јуни е неопходно. Нивното пролонгирање, за кое е прашање дали е правно можно, и продолжувањето на времетраењето на техничката Влада има реперкусии врз секојдневното функционирање на институциите, смета претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.
- Го имам елаборирано ова прашање и повторно ќе го реафирмирам мојот став и ставот на Владата дека избори на 5 јуни се неопходни. Прво, не сум сигурен од правен аспект дали е воопшто можно поместување на датумот. Понатака, од практичен аспект сакам да кажам дека пролонгирањето на изборите, продолжувањето на времетраењето на техничката Влада има реперкусии врз секојдневното функционирање на институциите, изјави Димитриев одговарајќи на новинарско прашање при посетата на касарната „Илинден“ во Скопје.
Потенцира дека веќе се чувствува одредена колебливост кај министрите дали може во овој период да се носат одредени одлуки.
- Згора на тоа во период кога се распишани изборите имаме и одредени ограничувања и од Комисијата за антикорупција, така што во функција на изборите, во функција на просперитетот на Република Македонија и на секој еден граѓанин на нашата држава е одржување на изборите на 5 јуни, формирање стабилна влада и понатака преземање на сите обврски коишто една влада треба да ги има пред себе, истакна Димитриев
Ново на Сител
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани