Димитриеска Кочоска: Просветните работници едноставно бараат подостоинствен живот
„Просветните работници повеќе од јасно се гледа дека тешко живеат од причина што гледаме секојдневно како растат трошоците за живот, и логично е нивните барања да се поврзани токму со платата односно со зголемувањето на платите затоа што едвај врзуваат крај со крај во месецот“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.
Димитриеска Кочоска додаде дека просветните работници никој не ги подбуцнува, едноставно бараат повисоки плати и подостоинствен живот.
„Во однос на продуктивноста, минималната плата и инфлацијата, ние сега лечиме последици значи инфлацијата не е од сега. Инфлацијата во Македонија се појавува кога нема инфлација ниту во Европа, ниту во светот, ниту во регионот. Да не го заборавиме моментот, значи неспособната власт, неспособните економски политики доведоа до таква ситуација. И сега вие како ќе кажете дека некој не ја заслужува платата. Но, ајде да тргнеме од почеток, точно Колективниот договор е тој кој што во образованието ги регулира платите, и сега имаме првин да не заборавиме пред од прилика два месеци корекција односно изгласавме Закон за минимална плата со кој што ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. Ако во Колективните договори на образование стои дека платата на секој просветен работник ќе биде минимална плата која што во Колективниот договор е дефинирана како апсолутен износ но не согласно корекцијата на Законот за минимална плата но сепак се повикуваат и го множат со коефициентот или степенот на сложеност на работата тогаш доаѓаме до ситуација дека и нивниот Колективен договор е врзан за минимална плата“, нагласи Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска укажа дека буџетот е еден план за годината, и тој е однапред испланирано како треба да се реализираат расходите. Но, во континуитет со оваа власт се има и погрешно планирање, и погрешно реализирање и невнимавање како се троши, се штеди итн.
„Ајде да тргнеме од почеток, мислам дека на првата средба беше помеѓу СОНК и Владата, Владата вели не е дека ние не сакаме да дадеме повисоки плати но мора да одиме во согласност со трите кризи кои што во моментов ги имаме, а тоа е здравствената, тоа е енергетската криза, и тоа е економската криза. И тоа им е оправдување на владата зошто не можат да излезат во пресрет комплетно значи 100% на барањата на просветните работници“, рече Димитриеска Кочоска.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување