ДИК: СДСМ води во 17, а ВМРО-ДПМНЕ во 16 општини
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2021.
Станува збор за се уште малку преброени гласови од мал број избирачки места.
Од досега објавените резултати може да се види дека СДСМ и коалицијата водат во Охрид, Дебарца, Маврово Ростуше, Кривогаштани, Битола, Чашка, Пробиштип, Крива Паланка, Делчево, Македонска Каменица, Берово, Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Неготино, Лозово…
ВМРО-ДПМНЕ води во Ресен, Кичево, Македонски Брод, Брвеница, Долнени, Прилеп, Могила, Новаци, Кавадарци, Росоман, Градско, Свети Николе, Петровец, Кратово, Ранковце, Кочани…
Кандидатите за градоначалници на ДУИ водат во Арачиново, Липково, Сарај, Желино, Теарце, Тетово, Врапчиште, Дебар и Струга.
Беса води во Боговиње, Алијанса за Албанците и Алтернатива во Гостивар, а Демократска партија на Турците во Центар Жупа. Во Чучер Сандево води независен кандидат.
За другите општини и за Градот Скопје засега нема реазултати.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите