-->
-->
ДИК: Најголем број пријави за гласање во Берн, Венеција и Детроит
-->
Вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство се поднесени заклучно со денеска, до 14 часот, преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од нив, 8.258 се прифатени, 166 се одбиени, а останатите се во обработка.
Како што соопшти ДИК, најголем број од пријавите се за гласање во Берн, Венеција и Детроит.
Причина за повеќето одбиени пријави е тоа што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.
- Документи кои се прифаќаат како потврда за докажување привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се: лична карта издаденa од надлежен орган на странска држава, потврда од надлежен орган на странска држава за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава, дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава, работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава, возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава, македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии и друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, потсетува ДИК.
До вчера, 3 ноември, до 19:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија јавен увид во Избирачкиот список извршиле вкупно 4.236 граѓани.
Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во Избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска, 7 ноември, до 14:00 часот, преку веб апликацијата „пријавување за запишување во Избирачкиот список“ извршиле вкупно 552 лица. Вкупно 540 пријави се прифатени, четири се во обработка, а осум се во фаза на разгледување.
Пријавувањето за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на граѓаните за запишување во Избирачкиот список завршуваат на 11 ноември во 24 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола