ДИК: Доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање во странство
Вкупно 251 пријава од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата до Државната изборна комисија.
Од пријавите, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка, информираат од ДИК.
Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена - по 21, во Љубљана - 18, во Торонто - 18, Канбера - 15 итн.
Пријавувањето се врши на dijaspora.sec.mk.
Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.
На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.
Од ДИК, укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ