Македонија
15. July 2020 - 16:24

ДИК: Досега нема доставено приговори за изборниот процес

До овој момент официјално до ДИК нема доставено приговори, изјави портпаролот Адмир Шабани на пресконференцијата на ДИК во 15.30 часот.

– Што се однесува до прашањето за прекин на гласањето во Општина Липково, село Лојане добивме и ние информација дека имало краток прекин на гласањето, но причина за прекинот била усогласување на серискиот број на гласачките ливчиња и истиот траел до усогласувањето на гласачките ливчиња од страна на избирачкиот одбор. Ситуацијата е запишана во записник – изјави Шабани.