Дигитализација на опусот на доајенот на македонската кинематографија Бранко Гапо
Во рамките на долгогодишниот проект во Програмата на Владата и на Министерството за култура, „Дигитализација на аудиовизуелното наследство“, во 2016 година се пристапи кон дигитализација на режисерскиот опус на доајенот на македонската кинематографија Бранко Гапо.
Како што соопшти Министерството за култура, дигитализацијата и дигиталната реставрација на играните филмови „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време, води“ и „Македонска сага“ се одвиваат во Загреб, Хрватска, а стручни соработници на Кинотеката на Македонија веќе отпатуваа во Загреб за да ги допрецизираат процесот и динамиката на работа со лабораторијата АЦДЦ (Центар за аналогна и дигитална конверзија) во која се изведува дигитализацијата. Во лабораторијата ќе се изведат ултрасонично чистење, скенирање во 2К, автоматска и рачна реставрација и колор корекција и ќе се изработат дигитална копија за архивирање на ЛТО-лента, како и ДЦП (дигитална копија за прикажување), ХД-верзија и ДВД-копија.
- Процесот на дигитализација трае шест месеци, така што во првата половина од идната година овие шест нови дигитализирани наслови од опусот на филмскиот режисер Бранко Гапо ќе бидат издадени на ДВД, најавуваат од Министерството.
Во рамките на овој проект, почнувајќи од 2011 година, досега дигитално реставрирани и дигитализирани се филмовите на браќата Манаки, опусите на режисерите Столе Попов, Љубиша Георгиевски и Милчо Манчевски, како и филмовите „Татко“ („Колнати сме, Ирина“) на Коле Ангеловски, „Хај-фај“ на Владимир Блажевски и „Жед“ на Димитрие Османли, односно вкупно 15 играни филмови, четири документарни и два краткометражни играни филма, како и колажот од филмови на првите сниматели на Балканот, браќата Манаки.
Ново на Сител
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми