-->
-->
Девојче оставено на милост и немилост од родителите кои постојано живееле во светот на дрогата и на алкохолот
-->
Eдна ноќ, околу два часот после полноќ, на улиците на Санкт Петербург руската фотографка Ирина Попова ја забележала Лиља, која била пијана и мочала на улица додека покрај неа, во количка, спиело девојчето. Побарала дозвола да ја фотографира, а Лиља ја повикала во својот стан.
Во договор со Лиља и со нејзиниот сопруг, Попова се вселила во нивниот стан и таму поминала околу две недели документирајќи го нивниот живот.
Еднособниот стан на овие корисници на социјална помош бил во целосен неред, а детето главно само се снаоѓало додека родителите постојано живееле во светот на дрогата и на алкохолот. Таа сведочела и на бројни, повеќедневни пијанки на кои доаѓале пријателите на Лиља и на Паша.
- Моето внимание беше концентрирано главно на светото на малото девојче. Речиси и да станав дел од семејството, а мојата фотосесија на крајот наликуваше на мој личен дневник , изјавила Попова.
По објавувањето на фотографиите на интернет кои биле направени во 2008 година, многумина и забележале зашто не ги известила социјалните служби и полицијата. Била покрената и кампања за одземање на детето од родителите.
- Не можев ниту да сонувам дека ќе има такви реакции – изјавила шокираната фотографка објаснувајќи дека намерата и била со фотографиите да прозбори за можностите за љубов меѓу општествено маргинализираните и дека се надевала оти тие ќе поттикнат на разбирање и ќе ја кренат свеста за тоа дека одгледување на дете воопшто не е лесна задача.
По бројни проблеми и конфликти предизвикани од објавувањето на фотографиите, брачниот пар се развел, но девојчето останало да живее со таткото, неговата нова партнерка и нејзиниот син. Паша повремено работи, како електричар. Лиља пак, поминала третмани за одвикнување и се вработила во еден дуќан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани