Деветмина ранети во вооружен напад во Сан Франциско, пукано од возило во движење
Полицијата во Сан Франциско соопшти дека ноќеска биле ранети девет лица во округот Мисион, откако врз нив било пукано од возило во движење.
Пукањето се случило околу 21 часот по локално време.
„Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката и се очекува сите да преживеат. Во моментов се чини дека инцидентот бил со предумисла и изолиран. По инцидентот веќе немаше опасност за јавноста“, соопштија од полицијата во Сан Франциско.
Помошникот на општинскиот надзорник, Сантијаго Лерма, изјави дека полицијата му кажала дека врз луѓето биле пукани со огнено оружје и дека едно лице е оперирано.
Некои од ранетите се здобиле со полесни телесни повреди, додека за другите не се знае состојбата.
Лерма истакнува дека властите веруваат дека е пукано од автомобил во движење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка