Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во изминатите 24 часа, ѓубре горело во општина Гази Баба, како и во Карпош, каде горела и сува трева. Огнени јазици зафатиле сува трева и грмушки крај стариот пат за Арачиново. Стрниште горело во село Копаница, општина Сарај. Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга - во село Габалавци и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“. Во општина Свети Николе, кај селото Горобинци изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект. Пожар на стрниште е регистриран во општина Кочани, кај село Облешево. Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.
- Во последното деноноќие имало вкупно 1.975 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75 отсто, а 44,25 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,47 проценти, кон Итната медицинска помош - 24,36 отсто, кон пожарникарите - 4,81 процент, а кон АМСМ - 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД