Детето кое беше удрено од автомобил во Каменица е надвор од животна опасност
Надвор од животна опасност е седумгодишниот Николчо С. од М. Каменица кој вчера околу пладне беше удрен од патничко моторно возило на најфреквентаната улива во М. Каменица. Ова го соопштија лекарите од Клиничката болница Штип, каде детето вчера беше итно пренесено со возило на брза помош.
Според нивната информација, детето е на Одделението за хирургија, тоа е контактибилно и од ударот од возилото се здобило со набиеници, но без сериозни повреди на главата и внатрешните органи, но сепак е под лекарска опсервација и најверојатно по викендот ќе биде пуштено на домашно лекување.
Од СВР Штип потврдуваат дека вчера околу пладне на ул „Александар Македонски“ во М Каменица, патничко возило „пежо“ управувано од 38-годишна жена удрило во седумгодишно дете. Но, повеќе детали за несреќата не соопштуваат, освен дека надлежните направиле увид. Според очевидци, детето се движело со татко му по тротоарот и во моментот кога се испуштило од раката на татко му, истрчало на улицата и било удрено од возилото.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје