Детектор: Во Македонија постои полова дискриминација при вработување
50,7% од анкетираните сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2% се убедени дека нема таква појава, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Таков став делат 42,7% од анкетираните мажи додека мнозинството или 48% мажи се на ставот дека сепак има полова дискриминација при вработувањата. 53,3% од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9% кои сметаат дека тоа не се случува.
Интересни се податоци кои ова прашање ги исфрла во етничката структура на испитаниците. 53,7% Македонци сметаат дека постои полова дискриминација при вработување наспроти 33% кои сметаат дека тоа не се случува. Кај Албанците ситуацијата е обратна. Таму мнозинството или 54,1% од етничките Албанци се на ставот дека нема полова дискриминација при вработување додека 37% се убедени во спротивното.
Секој петти граѓанин позава жена која била отпуштена поради бременост. 19,9% од анкетираните велат дека познаваат случај во кој жена била отпуштена од работа поради тоа што била бремена. 72% од анкетираните немаа информации за таков случај.
Очекувано, помладите добиваат повеќе информации за вакви случаи па во возрасната категорија од 18 до 29 години во која се и поголемиот дел од младите мајки дури 31,2% од анкетираните знаат за случај во кој жена била отпуштена од работа поради бременост, што е речи си секој трет анкетиран човек.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?