Детектор: Македонците тврдат дека слабо играат спортска прогноза – оние што се обложуваат трошеле до 500 денари месечно
Македонските граѓани тврдат дека слабо играат спортска прогноза, а и оние што играат велат дека не трошат многу пари за тоа.
Само 22,1% од анкетираните во Детектор потврдиле дека одат во спортски обложувалници, додека 75,9% велат дека не посетуваат кладилници.
Очекувано, поголем број од оние кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34% од анкетираните мажи одат во обложувалници додека тоа го прават само 8% од жените.
Оние кои се кладат велат дека не трошат многу пари. 46,7% од нив тврдат дека во обложувалница месечно трошат до 500 денари, 37,7% од својот буџет за спортско обложување месечно одвојуваат меѓу 500 и 1.000 денари, додека на 7% месечно за кладење им одат од 1.000 до 5.000 денари. Само 2,9% од анкетираните велат дека во спортските обложувалници месечно трошат над 5.000 денари.
Анкетата на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници.
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите