-->
-->
Детектор: Граѓаните сметаат дека државата треба да компензира дел од загубите поради корона вирусот
-->
Големо мнозинство граѓани сметаат дека државата треба да компензира дел од загубите предизвикани од економските последици од котона вирусот. Вакви податоци покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Најголема поддршка од граѓаните има ставот да им се помогне на компаниите кои се најпогодени од корона кризата.
79,1% од анкетираните сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите на најпогодените компании, додека само 5,6% не се согласуваат со тоа.
Нешто помала е поддршката кога станува збор за сите приватни компании.
Две третини од граѓаните или 66% сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите на домашните приватни компании предизвикани од кризата, додека 12,3% сметаат дека државата не треба од буџетски средства да ги покрива загубите.
Кога во прашањето се додадени и странските компании, поддршката на граѓаните очекувано се намалува,.
Па така, кога станува збор за помош и на домашните и на странските компании, поддршка даваат 54,5% од анкетираните а 21,7% се против.
Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот меѓу 18 и 21 март годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик