Детектор: Граѓаните не сакаат избори под маски
Доколку рестриктивните мерки за социјална дистанца, носење маски и ракавици се уште се на сила, на гласање велат дека ќе излезат 45,7% од анкетираните, додека 33,7% велат дека нема да гласаат, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Сепак, ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање велат дека ќе излезат 69,6% од граѓаните додека 19% велат дека нема да се појават пред гласачите кутии.
Само со повик од политичарите да се излезе на гласање, мнозинството граѓани велат дека не се чувствуваат безбедно за да учествуваат на изборите.
38,9% од граѓаните велат дека доколку политичките лидери изјават дека кризата е завршена и повикаат на гласање, тие нема да се чувствуваат безбедни да гласаат, додека 37,5% велат дека ќе се појават на гласачите места.
Доколку биде потребно подолго да се чека пред гласачките места согласно препораките за социјална дистанца, над една третина или 39,3% од граѓаните велат дека воопшто нема да гласаат, додека 42,9% велат дека излезат на избори.
За граѓаните е многу важно и присуствово на набљудувачите на меѓународните мисии, пред се на ОБСЕ и ОДИХР. 58,8% од граѓаните велат дека без присуство на меѓународните мисии изборите нема да ги сметаат за фер и веродостојни додека само 19% велат дека немаат проблем со тоа.
Три четвртини од анкетираните или 76,3% велат дека на следните избори, државата треба да обезбеди маски, ракавици и пенкала за гласање, додека 15% сметаат дека нема потреба за тоа. Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз