Македонија
30. April 2023 - 16:01

Детектор: Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Полесно се одобруваат но имаат повисоки каматни стапки. Граѓаните во мал процент користат брзи кеш кредити, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, само 10,7 од граѓаните изјавиле дека користеле брз кеш кредит додека 88,1% не користеле.

Тука некаде се процентите и за можноста во иднина граѓаните да користат брз кеш кредит.
80,3% велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува но има повисоки камати, додека 10,2% велат дека би земале ваков кредит.

Близу две третини од граѓаните или 65,3% велат дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити додека 16,7% сметаат дека за тоа нема потреба.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници