Детектор анкета: Секој трет граѓанин планира да се исели од Македонија
Секој трет граѓанин на Македонија планира да се исели од државата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување.
Уште позагрижувачки се податоците за младите. Речи си половина од оние кои имаат помалку од 40 години планираат да си одат од Македонија.
Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија.
Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу 40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59 години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за иселување очекувано паѓа на 9,8%.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира