Детектор анкета: Корупцијата е присутна насекаде
Половина од граѓаните сметаат дека корупцијата е присутна насекаде во Македонија покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, точно половина од анкетираните изјавиле дека корупцијата во Македонија е присутна насекаде и ја дале највисоката оценка на скалата од 1 до 5. Уште 21% дале „четворка“ за степенот за корупција во Македонија и дополнителни 18,5% „тројка“.
Само 1,3% сметаат дека во Македонија воопшто нема корупција.
Споредбата со анкетата која исто така за Детектор ја спроведе ИПИС во 2019 година, покажува дека граѓаните денеска перцепираат повисок степен на корупција.
На истата скала пред 4 години само 27,2% од граѓаните дале „петка“ што е речи си двојно помалку од денешните 50%.
Тоа го покажува и средната оценка која во 2019та била 3,8 а во најновата анкета скокнала на 4,23.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред