Дете од Голо Брдо без знаци на живот донесено во дебарската болница
Во Општата болница во Дебар, вчера попладне донесено е десетгодишно дете од областа Голо Брдо без знаци на живот.
- Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство,-изјави Баки Алили, директор на дебарската општа болница.
Според локалната албанска полција станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени, кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.
Немилиот настан се случил во 17:20 часот, кога за да се разлади влегло во водата од резервоарот на малата централа во селото и почнало да потонува.
Детето веднаш било извадено од вода и поради близната било транспортирано во Општата болница во Дебар.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче