-->
-->
Детали за сообраќајката кај Тетово - Познат идентитетот на загинатите момчиња
-->
Две момчиња загинаа, едно е потешко, а друго полесно повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот Тетово- село Пирок, кај Долно Палчиште.
Според информациите од полицијата, возачот на автомобилот „БМВ“, 21-годишниот В.А. изгубил контрола над возилото, по што истото се превртело на кров. Во несреќата на лице место животот го загубија 20 годишниот Суат Е. и 23-годишниот Мирсад А.
Возачот со тешки повреди е пренесен и задржан во Медицинскиот центар во Тетово, а со полесни повреди поминал четвртиот сопатник, Х.И. (20).
Увид извршиле екипи од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, а телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември