-->
-->
Детали за крвавата престрелка во Сарај, едно лице повредено
-->
Едно лице е повредено во престрелка која рано попладнево се случила во селото Арнакија во општина Сарај.
Од МВР за Сител ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат, увидот се уште е во тек.
Повредениот веднаш бил префрлен во градската општина болница 8ми септември.
Од таму за Сител велат дека тој се наоѓа надвор од животна опасност. Додаваат дека бил примен со две прострелни рани во пределот на ногата и раката и дека по завршувањето на испитувањата ќе биде префрлен во Клиничкиот центар.
Извори на Сител од МВР велат дека напаѓачот и е познат на полицијата и дека се очекува брза разрешница на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност