ДЕТАЛИ: Каква е состојбата на повредените во сообраќајката во Кичево?
Сите повредени работници што настрадаа во сообраќајната несреќа кај Кичево, а беа префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, се надвор од животна опасност. Ова го потврди д-р Драган Спасески, кој појасни дека станува збор за седум пациенти згрижени во установата после тешката сообраќајна несреќа.
- Утрото беа примени и згрижени седум пациенти од кои двајца со потешки телесни повредни, со скршеници. Другите лица се под опсервација што значи дека во текот на денот целосно ќе бидат дијагностицирани. Инаку, сите се надвор од животна опасност, изјави Спасески.
Инаку, едно од лицата пренесени во „Свети Еразмо“ имало лесна повреда, така што после прегледот и терапијата е испратено на домашна нега.
Повеќе за несреќата прочитајте ТУКА.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола