Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија
Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.
И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.
- Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.
Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.
Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.
- Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.
Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.
Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.
Ново на Сител
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана