Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него.
Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските медиуми.
„На лице место беше потврдено дека сите се мртви“, соопшти морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале.
Инцидентот се случил во 9:30 часот по локално време во градот Лумут, каде се наоѓа поморската база, јави Би-Би-Си.
Надлежните наведуваат дека ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.
Ново на Сител
-
Речиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и БиХ
-
Сообраќајка пред Демир Капија, сообраќајот во прекин
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парада на гордоста“
-
Викендов натпросечно топло, од понеделник разладување и дожд
-
Пожар во атар на село Цер
-
При рушење на стара куќа пронашол карабин
-
Скопјанец со автомобил се забил во билборд
-
Србија во последниот напад извлече бод против Словенија