Балкан
21. јуни 2024 - 13:29

Речиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и БиХ

Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем’.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши.

Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, како и бројни острови.

Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина.

Ова за локални медиуми го потврди Елекропренос БиХ.

Засега не е позната причината за прекинот на електричната енергија во БиХ.