Десантис следната недела официјално ќе влезе во трката за претседател на САД
Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Десантис, следната недела официјално ќе влезе во трката за претседателските избори во САД во 2024 година, изјавија извори блиски до гувернерот.
Десантис најверојатно ќе ги поднесе своите документи за номинација на 25 мај за да се совпадне со хуманитарен настан во Мајами, а поформалниот, вистински почеток на неговата кампања ќе биде на 29 мај, рече еден од изворите.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има водство во прелиминарната трка за одредување на кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори следната година, покажа неодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос.
Со оглед на профилот на Десантис меѓу републиканците како ѕвезда во подем, како и неговата моќ за собирање средства, тој веројатно ќе претставува најголема закана за Трамп, кој ги засили политичките напади врз гувернерот на Флорида во последните неколку недели, јавија американски медиуми.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација