Фудбал
3. January 2018 - 16:16

Дерби ден во Европа!

Вечерва на терените во Европа се играат три големи дерби средби.

Во најинтересното , лондонското Арсенал од 20.45ч ќе го пречека Челзи со што ќе биде заокружено 22. коло во Англија. Арсенал е 8 средби без пораз но добро игра и Челзи кој со победа ќе се врати на 2. позиција на табелата која во меѓувреме ја презеде Манчестер Ј. 

Венгер нема да може да смета на Езил, Жиру, Ремзи и Казорла додека Конте ќе игра без Давид Луиз. 

Во исто време во италијанскиот куп градските ривали Јувентус и Торино ќе играат куп меч додека два часа подоцна Бенфика и Спортинг ќе го одиграат лисабноското дерби во рамките на 16. коло од португалската лига.