Македонија
30. July 2024 - 14:02

Денот на Републиката - 2 август неработен за сите граѓани

Денот на Републиката, 2 август 2024 (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ, соопшти денеска Министерството за социјална политика, демографија и млади. 

- Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на Републиката, се наведува во известувањето.