Денеска закажани четири собраниски седници, во 12 часот продолжение на 54 седница
Собранието денеска во 12 часот треба да продолжи со работа по 54 седница, за Предлог-законот за гаранција на земјава на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕСМ во државна сопственост, по скратена постапка.
За денеска се закажани и продолженијата на 39-тата, 71-вата и 69-тата седница.
Во рамки на 39-тата седница, како последна, 31 точка на дневен ред е ставена Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На 71 седница, од 47 точки, како петта точка, е предвидена Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска, поднесена од пратеници од опозицијата. Во рамки на 71 седница, пратениците треба да разгледаат неколку годишни извештаи за 2021 година, меѓу кои за Народниот правобранител, Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупција.
Од другите собраниски активности, во 11 часот е закажана седница бр. 34 на Комисија за европски прашања – Сала „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот