Македонија
19. May 2023 - 8:32

Денеска во МНР ќе се одржи конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации

Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации-подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијаниа”.

Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите, како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување исто така ќе биде во фокус на утрешниот настан.

На конференцијата воведни обраќања ќе имаат државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.