Македонија
13. May 2016 - 9:06

Денеска се слави светицата која одби да прими ислам и беше мачена до смрт

Православните христијани денеска го свалат прзаникот на светата маченичка Аргира која била ужасно мачена зошто не сакала да му се предаде на Турчин.

Оваа Христова маченичка е родена во Бруса, од благочестиви родители. Штотуку се омажи за еден христијанин, во неа се загледа еден Турчин од соседството, па ја повикуваше на грев со него. Христољубивата Аргира ги одбиваше нечистите предлози на Турчинот. Но овој се разбесни и ја обвини на судот дека божем сакала да прими ислам, па се откажала. Од судија до судија, од затвор до затвор, Света Аргира помина цели петнаесет години страдајќи за Христа. Зашто Го љубеше Господ над с ѐ . Најпосле се упокои во затворот во Цариград во 1725 година.