Денеска се навршуваат 21 година од убиството на Зоран Ѓинѓиќ
Во Белград денеска ќе се одбележи 21-годишнината од убиството на српскиот премиер и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ. Венци утринава беа положени во дворот на владата, на местото каде Ѓинѓиќ беше убиен.
По повод годишнината од убиството, организацијата „Нов оптимизам“ во 12 часот ќе одржи трибина „Истрел во иднината на Србија – каде сме 21 година подоцна“, а Демократската партија во 19 часот ќе одржи трибина „Србија како недовршена состојба – Како до слободни и фер избори“.
Премиерот Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година.
Неколку часа по убиството, Владата прогласи вонредна состојба во Србија, а како сторители веднаш беа осомничени членовите на Земунскиот криминален клан и дел од Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи на Србија. .
За време на вонредната состојба, која траеше до 22 април 2003 година, полицијата во операцијата Сабја уапси повеќе од 11.000 лица, меѓу кои политичари, високи воени офицери и носители на судски функции.
Во август 2003 година беше покренато обвинение против 44 лица за учество во организацијата на убиството, а судењето почна на 22 декември истата година во Окружниот суд во Белград.
На 23 мај 2007 година, судот ги прогласи обвинетите за виновни и беа осудени на вкупно 378 години затвор.
По 40 години затвор беа осудени поранешниот командант на ЕСО, Милорад Улемек – Легија, и неговиот заменик Ѕвездан Јовановиќ како непосреден извршител на убиството.
Политичката заднина на убиството на Ѓинѓиќ никогаш не е откриена.
Зоран Ѓинѓиќ е роден во 1952 година во Босански Шамац, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1974 година.
Тој е еден од основачите на Демократската партија, во која е избран за претседател на Извршниот комитет во септември 1990 година, а за претседател на партијата во јануари 1994 година.
Од февруари до септември 1997 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Белград, како кандидат на коалицијата „Заедено“.
По победата на Демократската опозиција на Србија (ДОС) на парламентарните избори во декември 2000 година, тој беше избран за премиер во јануари 2001 година.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање