-->
-->
Денеска прво почина негувателот на жирафи, а подоцна и последната жирафа во ЗОО Скопје
-->
На 44 години почина негувателот во скопската Зоолошка градина, Ристе Трајковски. Информацијата ја потврдија вработени во ЗОО Скопје.
- Ристе починал измината ноќ во неговиот дом, ние утрово слушнавме за тоа. Утринава нѐ пресретна работниот ден со тажна и многу страшна вест. Не знаеме од што починал. Утре е погребот, велат вработените.
Нешто подоцна во текот на денот угинала и 10-годишната Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина.
- Обдукцијата е во тек, не може официјално да се излезе со информации, велат вработени во ЗОО Скопје.
За случувањата во ЗОО Скопје се обидовме да стапиме во контакт со директорот на ЗОО Скопје, но до објавување на веста, не добивме одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки