Денеска и утре бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје
За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, денеска и утре, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
- Редовна наплата ќе се врши во зона А0 - Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.
По повод празникот „Св. Климент Охридски“, утре и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
- Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата, соопштуваат од ПОЦ.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.