Денеска е Наоѓање на моштите на мачениците во Евгенија
Денеска, според народното верување, не треба да се прават свадби, свршувачки, кумства, побратимства, не се земаат позајмици, ниту се дава заем, не се гради куќа, ниту нешто околу куќата. Обичајот налага во вечерните поклади да се соберат пријателите, роднините и соседите по гумната и да се забавуваат со шеги и разни игри, а кога ќе падне мрак палат голем оган и се седи до полноќ. За поклади обично се подготвува богата трпеза и се повикуваат сиромашни соседи и пријатели за добро да се омрсат во заедничкиот обред. Народното верување е дека оние што нема да подготват богата трпеза на овој ден цела година ќе оскудеваат во се’.
Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.
Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син, Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе нè облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, затоа што ти заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но, Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата, наш мачителу, и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна см*т – ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите д*ши на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погре*аа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал